Минатата година, за разлика од 2008 година, електропреносниот оператор АД МЕПСОО ја завршил со добивка од 13,8 милиони евра. Финансискиот извештај на компанијата покажува дека вкупните приходи на МЕПСОО минатата година изнесуваат 40,6 милиони евра, од кои 26,6 милиони евра се добиени за пренос на струја. Околу 6,5 милиони евра се инкасирани од аукции за закуп на прекуграничните преносни капацитети во земјава кон соседните електроенергетски системи. Вкупните трошоци на компанијата изнесуваат 26,8 милиони евра, од кои 4,5 милиони се трошоци за вработените. Претходната, 2008 година МЕПСОО ја заврши со загуба од 4,5 милиони евра.
Минатата година, за разлика од 2008 година, електропреносниот оператор АД МЕПСОО ја завршил со добивка од 13,8 милиони евра.
Финансискиот извештај на компанијата покажува дека вкупните приходи на МЕПСОО минатата година изнесуваат 40,6 милиони евра, од кои 26,6 милиони евра се добиени за пренос на струја. Околу 6,5 милиони евра се инкасирани од аукции за закуп на прекуграничните преносни капацитети во земјава кон соседните електроенергетски системи.
Вкупните трошоци на компанијата изнесуваат 26,8 милиони евра, од кои 4,5 милиони се трошоци за вработените.
Претходната, 2008 година МЕПСОО ја заврши со загуба од 4,5 милиони евра.